Пристапувањето на Украина во НАТО повеќе не е на дневен ред, изјави генералниот секретар на алијансата Марк Руте во интервју за Блумберг.
– Да – рече Руте како одговор на прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп навистина го отстранува прашањето за пристапување на Украина во алијансата.
Руте исто така смета дека односите меѓу НАТО и Русија би требало да се нормализираат откако ќе сопре огнот на фронтот во Украина.
– Нормално е војната некако да сопре за Европа, чекор по чекор, исто така и за САД, чекор по чекор, за да се вратат добрите односи со Русија.
Сепак, генсекот на НАТО смета дека работите уште не стигнале до таа точка и дека затоа „треба да го одржиме притисокот за да се осигураме дека Русија сериозно ќе ги сфати мировните преговори“.
Американскиот претседател Доналд Трамп на крајот на февруари на средба со британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Украина нема да влезе во НАТО.
Трамп претходно изјави дека Украина „може да заборави“ на изгледите за членство во НАТО. Според него, желбата на Украина да се приклучи на алијансата беше она што доведе до воен конфликт.