Евидентирани биле 22 случаи со мононуклеоза, 13 лица со шарлах, двајца со ХИВ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во февруари евидентирани се 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен денеска.

– Во текот на февруари 2025 година во Македонија пријавени сe вкупно 746 заболени лица од акутни заразни заболувања – без ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 40,6 на 100.000 жители. Во текот на февруари се бележи намалување на вкупниот број заболени лица за 11,3 отсто во однос на претходниот месец јануари 2025 – велат од ИЈЗ.

Најголем број акутни заразни заболувања се пријавени во Скопје, а најмал број во Охрид.

Во февруари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување биле овчите сипаници со вкупно 366 пријавени лица. Споредено со јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 32,6 отсто.

Евидентирани биле 22 случаи на инфективна мононуклеоза, 13 случаи на скарлатина, четири случаи на голема кашлица и еден случај на легионерска болест. Пријавени биле 18 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и по еден случај на кампилобактериоза, џардијаза и шигелоза. Имало 68 случаи на шуга и еден случај на бактериски менингит. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, биле регистрирани седум заболени лица – пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на инфекција со хламидија.

Во февруари пријавени биле два случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години.

Од пријавените три случаи на заразни заушки, два припаѓаат во возрасната група од 10 до 14 години, а еден е возрасно лице над 50-годишна возраст. Два од трите случаи се од Скопје, еден е од Куманово.

– Еден од случаите е комплетно вакциниран согласно Календарот за имунизација, а другите два случаи се со непознат вакцинален статус. Трите случаи се клинички потврдени – истакнуваат од ИЈЗ.

Во државава во февруари, пријавени биле вкупно седум случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article