Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти дека е подготвен да го разгледа планот за почеток на производство на опрема за германската војска како дел од напорите на Европа за вооружување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти дека е подготвен да го разгледа планот за почеток на производство на опрема за германската војска како дел од напорите на Европа за вооружување, пишува британски Телеграф.

Оливер Блуме, извршен директор на најголемиот европски производител на автомобили, рече дека потенцијалните партнери сè уште не стапиле во контакт со компанијата, но се подготвени да „размислат за концептот“.

Тој вели дека е можно Фолксваген да ги отвори своите празни капацитети за производство на воена опрема,

– Прво, верувам дека, со оглед на моменталната геополитичка ситуација, одлуките што сега ги гледаме во Германија и Европа се точни, во смисла дека треба да инвестираме повеќе за да бидеме повторно безбедни. Не сме во конкретни дискусии за тоа што може да направи Фолксваген. Мое мислење е дека доколку постоеше можност за производство на воени возила во иднина, ќе требаше да ги разгледаме и овие концепти – рече Блуме, додавајќи дека засега се е само отворено прашање.

Неговиот коментар доаѓаат во време кога германската економија се повеќе се свртува кон воено производство, поттикнато од стравувањата дека САД ја повлекуваат поддршката за Европа.

Според економистите, фабриките за автомобили можaт да ги ангажираат капацитет со оглед на тоа што германскиот извоз на автомобили е преполовен од својот врв пред пандемијата ковид-19.

Германските компании како Рајнметал и КНДС Груп ги претвораат фабриките за автоделови во производство на оружје.

Share This Article