Никој не смее да ги чепне студентите кои сакаат да учат

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Трактори го окупираа Пионерскиот парк во центарот на Белград во поддршка на мала група студенти кои веќе 8 дена кампуваат велејќи дека „сакаат да учат“. Машините кои се поставени околу шаторите се еден вид обрач за движењето „Студенти 2.0“ кое бара да прекинат студентските блокади кои со недела траат низ земјата и притоа ја блокираат наставата на факултетите.

Дел од јавноста ја обвини владејачката партија на Вучиќ дека стои зад организацијата на овој протест, а дел од насобраните во паркот тоа го демантираа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ги замоли студентите кои се наоѓаат во Пионерскиот парк да си одат дома во сабота и да се вратат следниот ден.

– Детално го разгледавме секој сегмент и одлучивме дека ние, студентите кои сакаме да студираат, ќе останеме во паркот Пионер до понатамошно известување – изјави студентот по медицина Милош Павловиќ нагласувајќи дека ги разбира сите што мислат дека треба да се преселат во сабота.

 

 

Тој вели дека „го разбираме претседателот кој ни го испрати барањето од причина што никој не е загрозен, но и вие да не разберете. Ние сме овде законски и легитимно, ни зедоа сè, тука сме и ќе останеме тука да се бориме за нашите права“.

Блокадата со трактори доаѓа само ден пред најавениот Ден Д во сабота на 15 март кога илјадници студенти од цела Србија ќе допешачат во Белград и ќе бидат пречекани на плоштадот Теразија. Најавата е дека ќе студентите ќе извршат тридневна блокада на главниот град. Српскиот парламент обзнани дека од безбедносни причини ќе биде затворен до понеделник.

Во меѓувреме тракторите го окупираа центарот на Белград. „Ова е саем на земјоделската механизација“, коментираат луѓето на социјалните мрежи.

- Advertisement -
Ad image

 

 

 

- Advertisement -
Ad image

Кој ги викна тракторите во центарот на Белград? Српски Данас тврди дека машините ги отстапила Српската напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ цитирајќи земјоделец.

Ѓоко Ќурчиќ за Бета изјави дека пред два дена членови на СНС собрале трактори во Војводина, од Тител, Кузмин, Бачка Паланка, Жабља и други места и ги транспортирале до местото на поранешната фабрика за трактори ИМТ и во населбата Алтина во Земун.

Тракторите биле паркирани околу Паркот Пионер без возачи, за да се зачува идентитетот на сопствениците, а синоќа, како што изјавил Ќурчиќ, биле пронајдени возачи во Белград да ги превезат до тој парк.

– Оваа „сува интелигенција“ која протестира под прозорците на Претседателството ја чуваат трактори на членови на СНС – рече Ќурчиќ.

Во меѓувреме „соперниците“ на студентите „кои сакаат да учат“, илјадниците демонстранти кои на голем протест в сабота се надеваат дека ќе се разреши политичката криза во земјата, апелираа до властите да ја остранат шаторската населба од Пионерскиот парк и да спречат поставување шатори барем до понеделник.

Share This Article