Холивудската актерка Кејт Хадсон се појави на проекција и панел дискусија на серијата „Running Point“, во која глуми, а за таа прилика избра црн фустан со големи шлицови.
Но, во еден момент фустанот се искина на левата страна. Погледнете го видеото.
Пред публиката во „The Paley Center for Media“ во Мидтаун (Њујорк), модераторката Саманта Бери ја прашала актерката зошто ѝ е важно да биде извршна продуцентка на оваа серија на Нетфликс, а Хадсон пред да одговори, почувствувала како нејзиниот фустан се кине на левата страна, и извикала: „Охх“.
Актерката веднаш ја ставила раката на градите и почнала да се смее бидејќи била свесна дека публиката може да ѝ ги види градите.
Нејзината колешка Бренда Сонг застанала пред неа за да ја заштити од љубопитните очи, а на помош ѝ дошле и актерот Џастин Теру и модераторката Саманта Бери.
„Ова намерно го направив“, се пошегувала таа, но само половина час подоцна ѝ се случи истото, па пукнала од смеење: „Толку се возбудив“.
Само 30 минути подоцна, Хадсон го доживеала истото откако ѝ аплаудирала на својата колешка Џеј Елис. Меѓутоа, овој пат ѝ помогнал само Џастин Теру. Хадсон подоцна посебно ја пофалила својата колешка Бренда Сонг, која станала и застанала пред неа за да ја заштити од несаканите погледи од публиката.
Во хумористичната серија на Нетфликс, Хадсон ја игра Исла Гордон, која е одвоена од семејниот бизнис поради нејзиниот бунтовнички дух, но потоа добива можност да води еден од најуспешните кошаркарски тимови, ЛА Вејвс. Серијата доби одлични критики од критичарите и публиката, а доби висока оцена од 7,5 на ИМДб.