Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги критикуваше двојните стандарди на Европската унија, посочувајќи дека таа инсистира за членство на Украина, додека земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од 14 и пол години.
– Додека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен инсистира за членство на Украина до 2030 година, земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од 14 и пол години – рече Сијарто на прес-конференција по средбата со црногорскиот вицепремиер за надворешни и европски прашања Филип Ивановиќ.
Сијарто истакна дека „интеграцијата на овој регион ќе ја зајакне ЕУ, додека членството на Украина би претставувало економски и земјоделски ризици“.
Тој истакна дека е горд на напредокот на Црна Гора кон членството во ЕУ за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, истакнувајќи ја неговата поддршка за понатамошни преговори под полското претседателство.
Сијарто најави и зајакнување на економската соработка меѓу Унгарија и Црна Гора, нагласувајќи дека унгарскиот извоз во Црна Гора лани надмина 100 милиони евра, со значителни инвестиции во ИТ, телекомуникациите и финансискиот сектор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
