ОВР Кичево им објави војна на дивоградбите во градот Само во последните 40 дена, ОВР Кичево поднесе вкупно три кривични пријави за бесправно изградени згради во градот од страна на локални моќници. Со кривичните пријави се опфатени 3 физички и 3 правни лица, за сторени вкупно 6 кривични дела Бесправно градење и Симнување на службен знак според кривичниот законик. Имено, кичевската крим полиција во изминатиот период, утврди дека кај три станбени згради, бесправно и вон постоечките Одобренија се изградени вкупно пет ката од преку 2.700 метри квадрати над дозволеното. На тој начин, кичевската градежна мафија се стекнала со противправна корист од преку 2,7 милиони евра. Според сознанијата до кои неофицијално дојде нашиот медиум, лицата кои се опфатени со пријавите се од висок профил, во нив има актуелни судии, бизнисмени и членови на поранешното раководство на ФФМ. Останува да видиме дали судската власт ќе биде на нивото кое го диктира кичевската полиција.