ЈАХОСКИ СЕ СПАСИ ОД ЌЕЛИЈА, ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Капушвски и уште двајца ќе одат во затворот „Шутка“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во 30-дневен притвор одат за бизнисменот и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, за неговиот партнер во компанијата РКМ, Ерџан Сулкоски и за поранешниот директор во државната ЕСМ, Ардијан Муча.

Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор за сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски.

Ова се одлуките судијата од Основниот кривичен суд кој вечерва одлучуваше околу мерките на претпазливост за осомничените за злоупотреби со набавки на мазут и реши да го прифати предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор, за тројца од петтемина за кои ОЈО ја бараше мерката.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои: По прoизнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка, Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка“, соопшти Кривичниот суд.

Од Судот додаваат дека останатите седуммина осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Share This Article