Попладнево во Кавадарци се случи сериозна сообраќајна несреќа во која мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди. Информацијата за оваа несреќа ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош, за МИА.
Според првичните информации, инцидентот се случил на булеварот меѓу основното училиште „Гоце Делчев“ и новата црква „Света Петка“. Дошло до судир помеѓу автобус и мотоцикл со поголема моќност. Како последица на ударот, мотоциклистот бил сериозно повреден.
– Мотоциклистот, роден 1987 година, се здобил со тешки телесни повреди. По првичната медицинска помош што му беше укажана на лице место, тој беше пренесен во Општа болница – Кавадарци, а потоа препратен на скопските клиники за понатамошно лекување – изјави доктор Паракеов.
Нема информации за состојбата на возачот на автобусот. Полицијата продолжува со истрага за околностите на несреќата.