Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е заинтересиран за преселба во Барселона.
Според „Диарио Спорт“ двете страни биле во контакт летото 2024 година и сега ја обновиле интеракцијата.
Договорот на 32-годишниот Египќанец со Ливерпул истекува на крајот од оваа сезона. Тој претходно во неколку наврати изјави дека може да го напушти клубот на лето.
Салах оваа сезона одигра 41 натпревар за „Мерсисајдерите“, постигнувајќи 32 гола и 22 асистенции. Тој игра за Ливерпул од летото 2017 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на Салах на 55 милиони евра.