Кривична пријава против Сашо Точков за тешки злоупотреби,се чека наплив на групата „И ние сме Точко“?!

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сашо Точков,кој вчера се сликаше и славеше 80 години на Црвен Крст Охрид, лицето со фалсификувана диплома од поранешна Југославија, кое се претставува како доктор, а за кое Охридска прв обзнани дека ниту е доктор ниту пак некогаш завршил било која гранка на Медицинскиот факултет, лице кое 30 години ја замајува и лаже македонската јавност и лице кое раководеше со една од најзначајните институции за здравјето на населението – Центар за јавно здравје, од денес конечно ги соблече сите маски.
СВР Охрид денес до Основното јавно обвинителство против лицето Сашо Точков од Охрид поднесе кривична пријава за сторено продолжено кривично дело по член 353, став 2 и 3 од Кривичниот законик на РСМ, за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања” како раководно лице во Центарот за јавно здравје – Охрид.
Сашо Точков како директор на ЦЈЗ Охрид, а според записникот од контролата извршена од контролори на Министерството за здравство од 2020 година, утврдиле дека лицето Сашо Точков, како одговорно лице на ЦЈЗ Охрид, покрај тоа што не поседувал соодветно образование (немал нострифицирана диплома) за да ја извршува функцијата директор на ЦЈЗ Охрид, контролата утврдила и други кривични дела, како манипулација со Ковид тестови во ЦЈЗ Охрид, кои се наплаќале во готово, а истите не се внесувале во дневниот промет на ЦЈЗ Охрид, туку парите на сомнителен начин завршувале во приватна лабораторија во Скопје.
На овој начин од ЦЈЗ Охрид и од Министерството за здравство биле испумпани над 500.000 евра, кои наместо да завршат преку благајната на ЦЈЗ Охрид, се делеле во кеш со лабораторија од Скопје.
По извршената контрола од страна на Министерството за здравство, со решение од тогашниот министер за здравство Венко Филипче, Сашо Точков е експресно разрешен од функцијата директор на ЦЈЗ Охрид. Но наместо по промената на Филипче од министерското место, Министерството за здравство да го достави записникот до надлежно обвинителство со соодветен поднесок, истото тоа тогаш не го направило, туку со одлука на министерот за здравство во 2023 година, повторно се назначува Сашо Точков за директор на ЦЈЗ Охрид, за што тогаш се крена голема галама, со оглед на фактот дека на Точков сите докази против него му беа на дофат и сите можел да ги уништи.
Сашо Точков е децениски секретар на Црвен Крст Охрид. Дали и контролата во Црвен Крст ќе покаже големи злоупотреби, останува да се изјасни Финансиската полиција.

Share This Article