Пратеникот Николаос Пападопулос од грчката радикално десничарска партија Победа беше уапсен претпладнево откако упаднал во Националната галерија и нанел штета на витрини и експонати поради изложба што според него е богохулење, јави дописничката на МИА од Атина.
За оваа изложба пратеникот пред неколку дена испратил писмо до Националната галерија и побарал да се повлечат конкретни експонати за кои смета дека се богохулни, а паралелно побарал одговори и од министерката за култура на Грција.
Во понеделникот тој влегол во галеријата, скршил заштитни стакла и експонати за кои, според грчките медиуми извикувал дека „ја навредуваат религијата“, по што интервенирала полицијата и Пападопулос бил уапсен.