Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави дека САД официјално затвораат 83 отсто од програмите на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД).
„По шестнеделен увид, официјално прекинавме 83 отсто од програмите на УСАИД. 5.200 договори кои сега се откажани, потрошиле десетици милијарди долари на начини што не користеле, а во некои случаи дури и им наштетиле на основните национални интереси на САД“, објави Рубио на платформата X.
Според него, по консултациите со Конгресот, останатите 18 проценти од програмите, што е приближно 1.000, ќе ги управува Стејт департментот „поради поефикасна администрација“.
Тој му се заблагодари на Одделот за владина ефикасност (DOGE), предводен од Илон Маск, и на другите вработени кои „вложија многу напор за да ја постигнат таа „задоцнета“ историска реформа.
На 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендираат сите програми за странска помош на 90 дена додека се врши увид за да се утврди дали тие ги исполнуваат неговите политички цели.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
