По завршување на распишаниот јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид.
Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид.