Димитриеска Кочоска очекува годинава да се оствари проектираниот раст од 3,7%

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска објави дека економијата го надминала периодот на стагнација и почнала да се раздвижува, а во наредниот период се очекува нејзино поголемо забрзување. Тоа покажува, како што рече дека се видливи резултатите од работата на владата која затекна економија во стагнација.

Таа своето тврдење го поткрепи со податоците објавени од Државниот завод за статистика за последниот квартал лани и за дел од јануари кои се однесуваат на растот на домашниот бруто производ, невработеноста, индустриското производство, извозот и на инвестициите.

-Според податоците на Државниот завод за статистика стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9 % што е на историски најниско ниво, а расте и вработеноста и изнесува 46,2%. Во овој период има 13.о60 нови вработувања, што е одраз дека компаниите оствариле раст. Индустриското производство во јануари годинава во однос на јануари минатата година бележи раст од 1,4 %. Во Јануари е забележан и раст на извозот од 5% и по долг период имаме пораст. Претходно  беа објавени и податоците за растот на економијата од 3,2% и за странските директни инвестиции кои лани се на историски највисоко ниво од повеќе од 1,2 милијарда евра. Сето тоа говори дека политиките на владата се во добра насока и дека даваат резултати – рече Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека владата акцентот го става на економијата и инвестициите и на нив ги темели напредокот. За таа цел се создадени предуслови за тоа преку  давање кредити на компаниите кои ќе ги поттикнат инвестициите и создадените низа олеснувања за бизнисите.

-Очекуваме инвестиции во компаниите од 300 милиони евра и нови вработувања – рече таа.

Димитриеска Кочоска. очекува ваквото темпо на раст на економијата да ќе продолжи и годинава за кога очекува да се оствари предвидениот раст од 3,7%.

Димитриеска Коческа се осврна и на членството на земјава во СЕПА системот на плаќање во ЕУ.

– Нашите граѓани кои работат во странство во некоја од СЕПА земјите и кои праќаат пари во Македонија, провизиите при праќањето двојно ќе се намалат од околу 7 отсто на околу 3 отсто. Тоа претставува сериозна заштеда ако се има предвид дека стотици милиони евра се праќаат секоја година. Заштедите на компаниите би биле и поголеми, не само во износи туку и во време. Така, плаќањата помеѓу компанија од Македонија и компанија од земја од СЕПА би биле за само еден ден, а во одредени случаи и за само неколку минути. Со ова ќе се олесни водењето на бизнис и конкурентноста на македонските компании- рече Димитриеска – Кочоска.

Share This Article