Макрон ја оспори споредбата на претседателот на Русија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера го обвини претседателот на Русија, Владимир Путин, дека е „ревизионистички империјалист“, кој, според неговите зборови, направил „историска погрешна интерпретација“ споредувајќи го со Наполеон, објави Франс 24.

– Наполеон ги предводеше освојувањата. Единствената империјална сила што ја гледам во Европа денес се вика Русија. Тој е империјалистички ревизионист на историјата и на идентитетот на народите – рече тој во изјавата за новинарите на крајот од европскиот самит во Брисел.

Императорот Наполеон Бонапарта бил запрен при неговото освојување на Русија по влегувањето во Москва во 1812 година, а потоа бил принуден да се повлече во текот на суровата зима и со огромни загуби на животи.

Макрон рече и дека ако Москва сака прекин на огнот во Украина, како дел од нејзините преговори со САД, тоа не е за склучување „траен мир“, туку „подобро продолжување на војната“.

Путин вчера, еден ден откако Макрон ја нарече Москва закана за Европа и зборуваше за заштита на другите европски земји со францускиот воен арсенал, рече дека некои луѓе „заборавиле што се случи со Наполеон“.

– Сè уште има такви кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како тоа заврши – рече Путин во телевизиско обраќање без директно да го спомене Макрон.

Share This Article