Background

Коцевски го коментира владиниот предлог за негово разрешување

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска информираше дека вчера го добил предлогот за негово разрешување од страна на Советот за јавни обвинители и ќе се произнесе по сите точки во разумен рок.

Сепак, истакнува дека во предлогот нема ниту една основа за утврдување на тешка дисциплинска повреда.

– Владата се повикува на истото што беше во медиумите во последниот период – рече Коцевски во изјава за медиумите.

- Advertisement -
Ad image

Од Владата посочуваат дека јавниот обвинител покрај правна одговорност, подлежи или би требало да подлежи и на поширока општествена одговорност, особено пред органот којшто го избрал, а пред сѐ пред граѓаните чии интереси треба да ги штити.

Според Законот за јавно обвинителство, Коцевски има право писмено да се произнесе по предлогот за негово разрешување, како и да присуствува на собраниската седница на која треба да се расправа и одлучува по предлогот.

Во однос на кривичната пријава што ја доби од суспендираниот Мустафа Хајрулахи, Коцевски кратко искоментира дека во случајот нема дело за кривична одговорност.

Инаку, Советот на јавни обвинители има рок од 15 дена да даде свое мислење по однос на предлогот за разрешување на Коцевски, а согласно Законот за јавно обвинителство, овој рок може да биде продолжен за уште 15 дена ако има оправдани причини за тоа.

Мандатот на републичкиот обвинител трае 6 години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година.

Владата сака предвреме да биде прекинат мандатот на Коцевски, а причината за тоа е, како што велат оттаму, разочараноста од постапувањето надвор од законските надлежности, посочувајќи дека Коцевски незаконски именувал, вршител на должност на Вишото јавно обвинителство на местото на суспендираниот, Мустафа Хајрулахи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation