Европа во целина е навистина способна да победи во која било воена, финансиска и економска конфронтација со Русија, бидејќи ние сме едноставно посилни, порача полскиот премиер Доналд Туск пред денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа.
– Денешниот ден е денот кога се може да се промени и веројатно ќе се промени кога станува збор за определбата на Европа, кога станува збор за повторно вооружување и одбранбената индустрија и нашата подготвеност да се соочиме со овој руски глобален предизвик – рече Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Тој денешната состојба во глобални рамки ја спореди со онаа од времето на Студената војна.
– Русија ќе ја изгуби оваа трка во вооружување, исто како и Советскиот Сојуз пред 40 години – рече Туск.
Во врска со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за „нуклеарно одвраќање“, Туск оцени дека таа идеја „вреди да се разгледа“, но дека би требало да биде дел од пошироката активност за координирање на европските одбранбени напори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
