Во овој момент не би ја ревидирала проекцијата за економскиот раст на земјава во 2025 година иако во последниот квартал од 2025 година е постигнат раст од 3,2% што е повисок од очекуваниот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во овој момент не би ја ревидирала проекцијата за економскиот раст на земјава во 2025 година иако во последниот квартал од 2025 година е постигнат раст од 3,2% што е повисок од очекуваниот, оцени денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

– Секогаш сум многу внимателна во однос на бројките. Убаво е кога бројките покажуваат дека одиме во позитива и во добра насока, но сепак би била многу внимателна. Мислам дека раст од 3,7% за 2025 година, како што ни е проектиран, треба да ни биде целта и да се трудиме тоа да го реализираме. Премногу е рано да зборуваме за било какви корекции во нагорна линија – рече Димитриеска Кочоска во одговор на прашање по денешното потпишување Меморандум за соработка со Економскиот факултет во Скопје.

Таа рече дека е задоволна од растот од 3,2 отсто во последниот квартал од минатата година и дека очекува уште подобри резултати.

– Задоволна сум со оглед на фактот дека во економијата работите не може да се случат преку ноќ. Очекуваме уште подобри  резултати, но со состојбите на глобално ниво би била среќна ако во првиот квартал од 2025 година продолжиме во насока на повисок раст од тој кој што го остваривме во последниот квартал од 2024 година. Сепак, би се фокусирала на она што беше наша главна проекција, а тоа е раст од 3,7% во 2025 година – потенцира Димитриеска Кочоска.

За економскиот раст во последниот квартал од годината денеска на прес конференција зборуваше и портпаролката на владата Марија Митева.

-Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2% во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8%. Овие бројки ги одразуваат стабилните економски перформанси, поттикнати од стратешките политики, подобрените деловни услови и континуираните инвестиции во клучните сектори- рече таа.

Таа реле дека овие резултати и рекордниот износ од 1 милијарда евра странски директни инвестиции потврдуваат дека Македонија е на вистинскиот пат.

– Остануваме посветени на поттикнување на динамично економско опкружување, поддршка на бизнисите и создавање нови можности за раст и просперитет – рече Митева.

Share This Article