Конгресменот Ал Грин од редовите на Демократите со обезбедување беше исфрлен од говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот. Ал Грин викаше и го прозва Трамп поради Медикејд, здравствената заштита на САД која ја укина Трамп.
Тој го прекинуваше претседателот во говорот сè додека не дојде обезбедувањето.
Трамп, барем во првите моменти, се обиде да го совлада Грин и не го прекина говорот, додека демократот постојано удираше со својот бастун.
– Немате мандат да ја намалите здравствената заштита – рече Грин дека група од 30 демократи во салата држеа транспаренти со натписи „лажно“ и „Маск краде“.