Background

Орбан го впери прстот кон членките на Унијата

Денешната заедничка прес-конференција на унгарскиот премиер Виктор Орбан и македонскиот премиер Христијан Мицкоски донесе важни пораки за иднината на регионалната и европската политика. Орбан ја оцени посетата на македонската владина делегација на Унгарија како исклучително значајна, особено во услови на глобална неизвесност и војни напнатости.

– Живееме во сенката на војната веќе три години. Ги поздравуваме преговорите меѓу САД и Русија и се надеваме на мир, што е наша најголема надеж – рече Орбан, кој ги истакна различните ставови на Унгарија и ЕУ во поглед на продолжувањето на војната во Украина.

– Ние сметаме дека продолжувањето на конфликтот е погрешно и опасно. Во Брисел ќе се обидеме да ја промениме оваа политика – рече премиерот на Унгарија.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека и во Обединетите нации, Македонија и Унгарија ги делат истите ставови во однос на мирот, потврдувајќи ја поддршката за американскиот предлог што беше прифатен од Советот за безбедност на ОН.

Во однос на миграцијата, Орбан го нагласи големиот значај на македонската контрола на границите и ја изрази благодарноста на Унгарија за помошта која Македонија ја пружа во одржувањето на безбедноста на границата.

– Унгарија никогаш нема да прифати диктат од ЕУ, а за тоа ќе плаќаме казни. Но, ние остануваме доследни во поддршката на Македонија за нејзино членство во ЕУ. Процесот на интеграција е срамно забавен, но Македонија не е виновна за ова – тоа се членките на ЕУ – додаде унгарскиот премиер.

Што се однесува до економската соработка, Орбан истакна дека трговската размена меѓу Македонија и Унгарија е седум пати зголемена.

– Македонија, Унгарија и Србија припаѓаат на една економска регија, што создава огромен потенцијал за регионална соработка. Но, проблем е што Македонија и Србија се надвор од ЕУ, па не можеме да создадеме единствен економски простор – објасни Орбан.

Во соработка со Македонија, се работи и на потпишување на нова меѓувладина економска спогодба, која ќе ја зајакне финансиската соработка меѓу двете земји.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation