По судар со камион, вчера загина мотоциклист од Негорци, Гевгелија, соопшти полицијата.
„На 3.3.2025 во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот Негорски бањи се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од село Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од село Негорци, гевгелиско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница починал во возилото на Итната медицинска помош“, соопшти полицијата.
Лекар констатирал смрт на мотоциклистот, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител. По наредба на обвинитеот телото на загинатиот е дадено на обдукција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
