Јавно претпријатие комунални дејности „Дебрца“ со големо задоволство ја објавува информацијата за пензионирањето на нашиот долгогодишен вработен, Милчо Јосифоски.
После многу години посветено работење, Милчо ја заврши својата кариера во нашето претпријатие, оставајќи траен белег со својот труд, етика и професионализам. За сите овие години, Милчо беше пример за посветеност, одговорност и позитивна енергија.
Директорот на ЈПКД „Дебрца“, Тино Секулоски, му се заблагодари на Милчо за неговиот значаен придонес и за се што направи за развојот на претпријатието. Во знак на благодарност за неговиот труд и лојалност, Милчо доби награда за посветеното работење и успешната кариера.
Сеќавањето на неговото работење ќе остане впишано во историјата на претпријатието, а неговиот пример ќе продолжи да инспирира новите генерации на вработени.
Од срце му честитаме на Милчо Јосифоски за неговото пензионирање и му посакуваме многу здравје, среќа и успехи во идните животни предизвици.
ЈПКД – Дебрца
Директор: Тино Секулоски