Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради пневмонија, во текот на денот имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, поради што беше потребна употреба на неинвазивна механичка вентилација, соопшти Ватикан.
Папата Франциск не е виден во јавноста откако на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“, со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето.
Ова е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година.
Во текот на целиот период, тој останал буден и соработувал, соопшти Ватикан.