Background

ФЕВРУАРИ БЕШЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО СУВ МЕСЕЦ

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, февруари 2025 година се карактеризира како просечен и многу сув месец во однос на температурите и врнежите, во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година.

-Месечната температура се движеше од -1,2 степени Целзиусови во Маврово до 5,8 степени Целзиусови во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната беше 0,5 степени под просечната, на ниво на држава. Највисоката максимална температура беше измерена на 1 февруари во Гевгелија и изнесуваше 18,0 степени Целзиусови, информираат од УХМР.

Забележени се постудени денови, со минимална температура под нулата при крајот на втората декада од месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот била измерена во Берово, на 20 февруари и изнесувала -14,2 степени Целзиусови.

- Advertisement -
Ad image

Во февруари месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 0,2мм во Демир Капија до 8,1мм во Берово. Врнежите боле од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 2,3 мм било регистрирано во Берово на 26-ти во месецот. На 19-ти била измерена највисока снежна покривка од 36 сантиметри на Попова Шапка.

Споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 94 проценти под просечната на ниво на држава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation