Нејмар игра препородено откако се врати во неговиот матичен клуб Сантос, во Бразил.
По бројните повреди со кои се здоби во Ал Хилал, Нејмар конечно си го враќа играчкиот континуитет.
Тој повторно беше стрелец за својот клуб во победата над Брагантино, овој пат директно од слободен удар. Нејмар во последните шест натпревари постигна три гола и исто толку пати асистираше. За тоа време четири пати беше прогласуван и за играч на натпреварот.
Последниот гол го постигна од слободен удар.