Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Тел Авив го прифатил планот на американскиот пратеник Стив Виткоф за продолжување на примирјето во Појасот Газа, но Хамас го одбил.
– Според планот на Виткоф, половината од заложниците би биле ослободени веднаш, а другата половина би била ослободена кога ќе се постигне договор за траен прекин на огнот – посочи Нетанјаху.
Според него досегашните позиции на Хамас, кој го одби планот, се неприфатливи.
Нетанјаху истакна дека Израел вчера го блокирал влезот на помошта во Појасот Газа бидејќи Хамас наводно ја крадел помошта и ја користел за финансирање на „терористички“ планови.
Тој повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп е „најголемиот пријател што Израел некогаш го имал во Белата куќа“, кој извршил притисок за ослободување на заложниците.
Израел се согласи со планот на Виткоф за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на периодот на Рамазан и Пасха, според кој Израел би можел да продолжи со борбите по 42 дена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
