Во брзината на секојдневието, честопати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце. Овие длабоки гестови не се само обичај, туку силна порака дека никој не е безгрешен и дека секој има можност да покаже добрина наместо гнев, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, по повод празникот Прочка.
-Денес ja одбележуваме Прочка, денот во пресрет на Велигденските пости, кој нè потсетува на големото значење на простувањето, смирението и човечката блискост. Во брзината на секојдневието, честопати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце“, истакна Мицкоски.
Нека овој ден, додава тој, биде поттик да се приближиме едни кон други, да ги надминеме недоразбирањата и да ја зајакнеме вербата во заедништвото.
„Само со меѓусебна почит и искреност можеме да создадеме посилно и поправедно општество. За многу години!“, се наведува во објавата на Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
