Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека испраќањето европски мировни сили во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против Русија.
– Овој план за испраќање „мировници“ во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против нас – рече Лавров во интервју за весникот на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“.
Лавров ги коментираше и односите меѓу Москва и Вашингтон, опишувајќи ги консултациите меѓу високите претставници на двете земји, кои минатиот месец се сретнаа во Ријад, како „сосема нормален разговор меѓу две делегации“.
– Никогаш нема да мислиме подеднакво за сите прашања од светската политика. Тоа го признавме во Ријад. И Американците го признаа тоа. Всушност, тие самите го кажаа тоа – истакна министерот за надворешни работи.
Според него, Русија и САД можат да најдат заеднички јазик во нивните интереси и да преземат взаемно корисни дејствија. Но, во случаи кога нивните интереси се разминуваат, Русија и САД „се должни да не дојдат до војна“.
Лавров го опиша Трамп како прагматичар чии постапки се водени од „здравиот разум“.
– Така што, со него е интересно – рече шефот на руската дипломатија.