Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан.
„Ноќта беше мирна, папата се уште се одмора“, се вели во соопштението на Ватикан.
Папата Франциско (88) на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“ со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето.
Ватикан вчера соопшти дека втор ден по ред на папата му е потребна неинвазивна, механичка вентилација.
Папата Франциск не е виден во јавноста откако беше примен во болница, што е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година.
Тој ниту денеска, веќе трета недела по ред, нема да ја предводи вообичаената неделна молитва.
Tagged as:
Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
