Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка.
– Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука – истакна Зеленски.
Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по неговата караница со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Греам истакна дека Зеленски „или треба да поднесе оставка и да испрати некого да работиме со нас, или треба да се смени“.
Во меѓувреме, демократите во Конгресот му изразија поддршка на Зеленски.
Поддршка за Зеленски уследи и од украинската армија и од Украинците.
Главниот командант на украинската армија Олександр Сирски изјави вечерва дека војниците на земјата го подддржувааѕт претседателот Зеленски.
– Вооружените сили се со Украина, со народот, со врховниот командант (Зеленски). Нашата сила е во единството, напиша Сирски на социјалните мрежи откако Зеленски ја напушти Белата куќа без потпишан договор со САД, и откако Трамп го обвини за „неблагодарност“ и „непочитување“ за време на разговорот.
Сириски додаде „продолжуваме да го уништуваме окупаторот и да се движиме кон победа“.
Поддршка уследи и од премиерот на Украина, Денис Шмигал, кој на Икс објави дека „Прекин на огнот без гаранции е пат кон руска окупација на целиот европски континент“.
„Почит за претседателот за неговата храброст и за одбраната на честа на нашиот народ кој ја плати својата слобода со својата крв“, напиша на Икс украинскиот вицепремиер Михаил Федоров.
И Украинците на интернет го поддржаа Зеленски.
„Навистина историски ден. Целиот свет во живо виде како човек од земја разурната од војна им се спротивставува на двајца насилници, објави еден Украинец на социјалните мрежи“, алудирајќи на Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.
Додека друг Украинец на Фејсбук наведе дека „Русија долго време ќе се радува на оваа средба“.
„Во нашите најлоши кошмари, никогаш не ни замислувавме дека американскиот претседател вака ќе ни зборува. Чувството е како заседа. Намерно понижување“, посочи тој.
Tagged as:
Зеленски доби поддршка од Украинците по скандалот во Белата куќа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
