Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по неговата расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
– Зеленски треба да се извини што ни го изгубивме времето за средбата што заврши на овој начин. Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса – истакна Рубио во интервју за Си-ен-ен.
Тој додаде дека во изминатите десет дена во сите контакти со Украинците имало компликации, вклучително и јавни изјави на претседателот Зеленски, при што се поставува прашањето дали украинскиот претседател е подготвен за мир.
– Можеби не сака да склучи мировен договор. Тој вели дека го сака тоа, но можеби и не – истакна Рубио, додавајќи дека „овој начин на поткопување на мировните напори е многу разочарувачки“.