Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 1 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 15 степени.
Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.