Струмичкиот карневал доби принц и принцеза

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие, вечерва во 18:30 часот, заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица.

На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и од странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со неговата партнерка беа маскирани како Викинзи.

„Маските, изработени со посебен напор и љубов, носат уникатна убавина на вечерта, а маскенбалот ветува нова незаборавна карневалска авантура. Со секој детал, со секој изглед, се чувствува духот на традицијата, но и современата креативност која го прави нашиот карневал уште поспецифичен. Струмица, срце на карневалската традиција, продолжува да блеска со секоја нова година“, објави струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.

На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 35 групи во различни категории со учесници од земјава, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија, а карневалската поворка се очекува да трае околу три часа. Маските ќе ги оценува жири комисија, која во различни категории ќе додели награди на најуспешните.

Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.

Share This Article