Background

Меџити и колегата Мурат Курум зборуваа за турскиот модел за справување со предизвиците

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја започна официјалната посета на Република Турција со многу важна средба со министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум.

На средбата со министерот Курум, Меџити разговараше за можностите за продлабочување на соработката во однос на справувањето со еколошките предизвици и искористување на турскиот модел на борба против аерозагадувањето, кој се покажа како многу успешен.

Меџити и Курум се договорија преку потпишување на меѓудржавен меморандум за соработка, двете земји да разменат искуства и тесно да соработуваат во одржливото управување со индустрискиот отпад, рударскиот отпад, опасниот отпад и медицинскиот отпад.

- Advertisement -
Ad image

Исто така, дел од оваа соработка ќе биде управувањето со домашните и индустриските отпадни води, вклучувајќи технологии за третман и рециклирање на отпадни води, системи за онлајн мониторинг на капацитетите за третман на отпадни води, управување со квалитетот на воздухот, имплементација на најдобри техники и практики за спречување на загадувањето од индустријата, борба против климатските промени, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и многу области од заеднички интерес.

Двете страни се согласија да соработуваат во блиска иднина во поглед на управување со хемикалии, откривање, анализа и чистење на подрачја контаминирани со опасни материи и хемикалии, во смисла на развој на географски информациски системи за животната средина и релевантно законодавство, заштита на природата и биолошката разновидност во заштитените подрачја, како и планирање, управување и промовирање на заштитените подрачја за спроведување на еко-туристички активности.

За да се постигнат посакуваните ефекти, двајцата министри за животна средина Меџити и Курум се договорија да воспостават програми за научни посети на истражувачи, консултанти, експерти и членови на невладини организации и размена на информации и документи на научно и техничко ниво во однос на истражувачките, развојните и апликативните активности.Развојот на проекти за соработка ќе се реализира преку соработка во рамките на меѓународните договори чии страни се Република Турција и Република Северна Македонија, во рамките на финансиските средства наменети за оваа област.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за време на престојот во Турција ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Турција Хакан Фидан, а заедно со премиерот Христијан Мицковски ќе бидат дел од државна вечера приредена од страна на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation