Познат пејач драматнично падна и ги загрижи фановите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Познатиот 75-годишен музичар Били Џоел предизвика страв кај обожавателите откако драматично падна на сцената за време на својот концерт во Конектикат. Инцидентот се случи додека ја изведуваше својата песна, кога загуби рамнотежа и падна на грб.

Според сведоците, пејачот замавнал со микрофонот и го фрлил, по што ненадејно се лизнал. Претходно, го користел држачот за микрофон како бастун, што дополнително ја зголеми загриженоста кај публиката за неговата состојба.

Членовите на бендот веднаш притрчале да му помогнат, а тој успеал да стане и да ја заврши уште една песна пред да го напушти настапот. Видеото од моментот брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции кај фановите.

 

 

„Изгледаше изнемоштено додека чекореше на сцената. Беше болно да се гледа како го користи држачот за микрофон како бастун“, напиша еден корисник на Х.

Други присутни на концертот исто така изразија загриженост: „Бев навистина загрижен за него во текот на целиот концерт“, додека некои обожаватели порачаа: „О, боже, се надевам дека ќе му биде подобро“.

Били Џоел низ годините отворено зборуваше за своите проблеми со злоупотреба на алкохол и дрога, како и за битките со менталното здравје. Во еден период дури се соочил и со обид за самоубиство.

– Мојата способност да продолжам со животот е она на што најмногу се гордеам. Имав тешкотии, но тоа никогаш не ме спречи да продолжам понатаму. Не сум огорчен за ништо, дури и кога ќе ме ограбат, простувам. Јас сум среќен човек – изјавил тој во едно интервју.

- Advertisement -
Ad image

Музичарот е еден од најпродаваните изведувачи во светот, а во САД е четвртиот најпродаван соло уметник во историјата.

Share This Article