Сериозни инциденти се случија во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за 2-годишнината од железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.
Поголеми групи маскирани лица фрлија десетици молотови коктели, мермер, шишиња и други предмети кон зградата на Парламентот.
Инцидентите се проширија и на околните улици, а полицијата одговори со солзавец и со шок бомби.
Во инцидентите, според информациите на МИА, има најмалку двајца повредени, а предизвикана е и материјална штета.