Највисок износ од речиси 400 милиони евра е реализиран лани во последниот квартал

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во земјава лани е реализиран највисок износ на странски инвестиции од 1.255 милијарди евра кој е двојно повисок од 2023 година и за дури 70% во однос на најдобрата година за вакви инвестиции – 2022 година, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска презентирајќи резултати објавени од народна банка.

Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1.255 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај меѓукомпанискиот долг (за 686 милиони евра), сопственичкиот капитал (313,6 милиони евра) и реинвестираната добивка (255,3 милиони евра) – рече таа.

Највисок износ на странски директни инвестиции од повеќе од речиси 400 милиони евра се остварени во последниот квартал од годината, како резултат на зголемените нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (296,7 милиони евра) и зголемените инвестиции во сопственичкиот капитал (104,4 милиони евра), наспроти намалувањето кај реинвестирањето на добивката (3,6 милиони евра).

Димитриеска Кочоска рече дека освен во апсолутен износ странските директни инвестиции лани се висок износ и во домашниот бруто производ (БДП) со учество од 8,1%.

Највисок износ на странски директни инвесиции има Велика Британија со учество од 256 милиони евра, Германија со 202 милиони евра, Турција 137 милиони евра, Холандија 67 милиони евра…

По дејности најголем износ на инвестиии има во производство 408 милиони евра, градежништво, услуги и кај електрилната енергија.

– Ваквиот тренд очекуваме да продолжи и во 2025 година – рече Димитриеска Кочоска.

Share This Article