СЕ ОДРЖА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со дваесет и пет точки и пет кои дополнително беа ставени на дневниот ред, денес советниците ја одржаа педесет и третата седница на градскиот совет. Советниците без поголеми дискусии ги усвоија сите точки од дневниот ред, кои во најголем дел беа за избор на нови членови во училишните одбори. Дел од усвоените одлуки се однесуваа на работата на општинската администрација и јавните препријатија. Во продолжение се сите усвоени точки од денешнат седница.

-Предлог одлука за давање согласност на одлуката за изменет годишен план за вработување за 2025 година на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид;-Предлог одлука за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ –Охрид за продажба на дижни ствари –предмети од железо од стара трибина;-Предлог одлука за давање на користење на 25 електрични велосипеди и дополнителна опрема на ЈП „Билјанини извори“-Охрид; Предлог одлука за давање на користење на 7 електрични возила и резервни делови на ЈП „Билјанини извори“ –Охрид; Предлог одлука за субвенционирање трошоци на ЈП „Градски гробишта“ –Охрид; Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година;-Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид; -Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид; -Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид; -Предлог-одлукa за разрешување и именување член во Училишниот Одбор на ООУ „Братство- единство“ – Охрид;    -Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид; -Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец; -Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Живко Чинго“ с.Велгошти; -Предлог-одлукa за разрешување и именување член во Училишниот одбор на  ООМУ „Методи Патче“–Oхрид; -Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализирани активности по однос на мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023 – 2027 година;-Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис во Општина Охрид со состојба на 31.12.2024 година; -Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година; -Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште  во 2025 година; -Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година; -Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година; -Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година; -Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година; -Предлог-одлука за проширување на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година; -Предлог-одлука за пребивање на побарување на доверителот – Општина Охрид во постапка И.бр.378/2024; -Предлог-одлука за давање во закуп на недвижен имот; -Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот-деловен простор (Кп.бр.8190 КО Охрид 1); -Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило-комби со намена за превоз на лица со попреченост; -Предлог-одлука за техничка исправка во Одлуката за измена на Одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежната парцела со употреба на механизирани паркинг системи; -Предлог-одлука за определување крајбрежен појас на водотек река Даљан опфатена со измена и дополнување на ГУП за УЗ 4 УБ 4.4 и изработка на ДУП за УЗ 4.4 опфат 1;  -Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 7.1.146 формирана во ДУП за УЗ 7 УБ 7.1 – Општина Охрид и во УППП со број на постапка во систем е-урбанизам 61118;

Share This Article