Шпанскиот амбасадор воодушевен од скромноста на премиерот Мицкоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шпанскиот амбасадор во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, јавно изрази воодушевување на социјалните мрежи откако утрово, при патување од скопскиот аеродром, забележал дека премиерот Христијан Мицкоски ги минува сите аеродромски формалности како и сите други патници.

Ортиз, кој чекал во редот за туристичко пријавување на лет за Истанбул, посведочил како премиерот на Македонија без никакви привилегии ја поминал контролата, чекал ред за чекирање и ги испочитувал сите процедури како и останатите патници.

Во објава на социјалната мрежа Х, шпанскиот амбасадор го посочи овој момент како пример за едноставност и нормалност во однесувањето на високите функционери.

„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво!“, напиша амбасадорот.

Овој гест на Мицкоски добива дополнително значење доколку се стави во контекст со контроверзниот случај од минатата година, кога претседателката на Косово, Вјоса Османи, направи скандал на истиот аеродром, одбивајќи да ги мине безбедносните проверки. Османи тогаш се повика на дипломатскиот пасош, инсистирајќи дека не треба да помине низ стандардните процедури за проверка, што предизвика сериозни реакции во јавноста, но и сериозен инцидент во кој заиграа и пиштоли.

Во случајот со Мицкоски, според сведоштвото на амбасадорот Ортиз, однесувањето на премиерот било во рамките на почитување на правилата и протоколите, што е позитивен сигнал за институционалната култура во земјата.

Очекувано, оваа објава предизвика реакции на социјалните мрежи, каде што многумина ја поздравија постапката на премиерот како чекор кон поголема транспарентност и еднаквост пред законите и правилата.

Share This Article