ДРЖАВАТА ЧУВА РЕЗЕРВИ ОД 5,03 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Девизните резерви, на крајот на декември 2024, достигнаа историски максимум од 5,03 милијарди евра, со повеќе од 60% вложени во хартии од вредност, главно државни обврзници од еврозоната, соопшти Народна банка.

– Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку  пласмани во  финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а балансираниот приод во инвестирањето придонесе за остварување поволни финансиски резултати – велат од банката.

Од банката додаваат дека макроекономската состојба кај нас е во согласност со октомвриските проекции, со годишен раст на БДП од 3% во третиот квартал од 2024 година и показатели за продолжен раст во четвртиот квартал.

Просечната годишна стапка на инфлација во 2024 година изнесува 3,5% и целосно е во согласност со последните проекции на Народната банка.

„Сепак, неизвесноста во однос на идната динамика на инфлацијата и натаму постои, а е поврзана со цените на примарните производи поради геополитичките и климатските фактори, како и поради одредени фактори од домашен карактер коишто можат да влијаат на агрегатната побарувачка- велат од Народна банка.

Во декември 2024 година, вкупните депозити и кредити пораснаа над очекувањата, со годишен раст од 11,4% односно 11,2%. Анкетните податоци укажуваат на олеснување на кредитните услови и зголемена побарувачка на кредити.

Share This Article