Премиерот Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што ќе биде потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.
„Овој Совет се основа со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво“, се вели во владиното соопштение.