Времето денеска ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утринската температура секаде ќе биде над 0 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се искачи до 15 степени.
За време на викендот врнежите наместа ќе имаат повремено пороен карактер. Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северните и североисточните делови врнежите ќе бидат повремено од снег.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
