Композиторот Горан Рале Ратковиќ и пејачката Ана Николиќ се откажаа од планирањето на својата венчавка и наместо тоа се посветуваат на нејзината кариера.
Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале пред нешто повеќе од еден месец открија дека судбоносното „да“ треба да го изговорат на Видовден, 28 јуни, како и дека сè уште не ги утврдиле сите детали околу венчавката и медениот месец.
Меѓутоа, Рале откри дека сè уште не ги знаат деталите и дека воопшто не се занимаваат со нивната венчавка.
– Ама каква венчавка сега? Не се занимаваме со тоа, немаме време. Не сме веќе во тој фокис, нашиот фокус е Ана да почне да гостува и да работи. Тоа е приоритет – рекол тој.
Пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале деновиве беа будно следени од медиумите, присуствуваа и на нивната расправија, но и на размената на нежности пред соседите.
Рале ја најавил венчавката, но Ана се пожалила дека не добила прстен.
– Тој зборуваше за свадбата, јас ништо не кажав. Немам прстен Рале, огласи се! Кога ќе има прстен, ќе го видите, мора да биде забележителен! Рале не нè запроси, мене и моите личности во главата, не. Мислам дека се подготвува да ме запроси, јас верувам во тоа – изјавила Ана во емисијата „Сцена“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
