Тажната вест за смртта на легендарниот актер Џин Хекман вчера го потресе филмскиот свет

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тажната вест за смртта на легендарниот актер Џин Хекман вчера го потресе филмскиот свет. Тој и неговата сопруга Бетси Аракава, како и нивното куче, беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико.

Ќерката на двократниот оскаровец, Елизабет Џин Хекман, за ТМЗ изјавила дека семејството се сомнева на труење со јаглерод моноксид, а полицијата ја повикал соседот кој се посомневал дека нешто им се случило на брачниот пар Хекман. Според извештаите, тие биле мртви повеќе од еден ден, а на истражителите им биле потребни дури 12 часа за успешно да ги идентификуваат телата.

„Дејли мејл“ јавува дека поседува полициска налог според кој се гледа дека телата на актерот и неговата сопруга биле делумно мумифицирани кога биле пронајдени, а до телото на сопругата било пронајдено отворено шише со лекови на рецепт. Засега не се знае точно за кои лекови станува збор.

Телата на сопружниците биле пронајдени во бањата, а актерот бил целосно облечен и покрај него биле пронајдени очила за сонце. Истражителите веруваат дека е можно актерот да паднал пред својата смрт. Иако неговата ќерка се сомнева дека е труење со јаглерод моноксид, пожарникарите кои интервенирале во семејната куќа пријавиле дека не нашле трагови на истекување на гас.

Инспекторите го пронашле германскиот овчар во плакарот до бањата, недалеку од телото на Бетси. Ги пронашле другите две кучиња живи, едното стоело во близина на Бетси додека другото талкало низ дворот. Инспекторите велат дека влезната врата од куќата била отворена, но не нашле знаци на провалување.

Share This Article