Србија планира да ги елиминира наплатните рампи на патарините со целосно воведување на електронска наплата (ЕНП) со тагови и платежни картички. Според најавата патарината ќе се наплаќа по поминат километар, но уште не се знае кога овој систем целосно ќе почне да се применува. За странците кои не ќе можат да се снајдат со наплатата ќе има рампи на кои ќе можат да платат во кеш.
-Со природниот раст на бројот на корисници на електронскиот систем, ќе бидеме во позиција да подигнеме рампи. Според нашата евиденција, две третини од камионите користат електронска наплата на патарина со тагови. Законот вели дека сите тешки товарни возила мора да имаат таг, но имплементацијата беше одложена поради овие корисници. Многу патнички возила користат тагови, или нешто повеќе од половина. За две или три години, кога сите патнички возила ќе имаат тагови, рампите ќе бидат целосно подигнати – изјави Дарко Савиќ, помошник-извршен директор на Секторот за наплата на патарина за српските медиуми.
Тој наведува дека се планира да се остават еден до два канали на предните наплатни рампи за странците кои не можат да се снајдат за да можат да ја платат патарината.
Јавното претпријатие „Патишта Србија“ лансирала веб-услуга, која подразбира плаќање патарини со платежни картички, преку кои физичките и правните лица ќе плаќаат патарина со картички.
– Сега не мора да ги плаќаат сметките во контакт со таг или во постпејд системот, патарината наплатува пари директно од платежните картички – појаснува Савиќ.
Нов е и начинот на пресметка – патарината ќе се пресметува по поминат километар.
-Километарот ќе чини исто на секој автопат. Ќе биде сосема исто, има софтвер кој ја пресметува цената на патарината, од една до друга патарина. Ќе се регистрира минувањето на возилата, поточно таговите, а тоа ќе се заснова на тоа дека ќе се плаќа бројот на поминати километри – вели Савиќ.
Што се однесува до луѓето кои во моментов наплаќаат патарини, тој додава дека нема да бидат отпуштени бидејќи сите заедно го изградиле овој систем. Секогаш имаме потреба да решаваме поплаки, да ги контролираме патарините… ниту еден од нив нема да биде отпуштен по тој основ – вели тој.
Бројот на регистрирани корисници на електронска наплата секоја година расте, а во моментов бројката достигна околу 900.000 активни корисници.
Речиси 50% од сите возила што минуваат низ патарините повеќе не застануваат да ја плаќаат патарината со готовина, туку тоа го прават со таг.
Интегриран систем на наплата на патарина со тагови Србија има со Македонија и Црна Гора, но интензивно се работи на нивно поврзување со Хрватска. Најавен е и ваков систем со Грција.