Во „куќата на ужасот“ во Брчко, 5 месеци престојувале 2 деца, чијшто татко истакнал дека редовно ги плаќал услугите на жена за чување на неговите деца

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во „куќата на ужасот“ во Брчко, 5 месеци престојувале 2 деца, чијшто татко истакнал дека редовно ги плаќал услугите на жена за чување на неговите деца, објави српски Телеграф.

Оваа информација во средата ја објави новинарката на Федералната телевизија, Суада Мујдановиќ, која разговарала со тој родител, а како што додала, во текот на вчерашниот ден во полиција дошле родители да си ги земат децата.

– Тој родител живее во Бања Лука, а неговата сопруга во моментов е на распит овде во полиција и имаат уште 6 деца. Таа и нивните 6 деца моментално живеат во Република Хрватска. Се споменуваат родители од Босна и Херцеговина, Хрватска, па дури и од Италија, кои доаѓаат тука на разговор, а и за да си ги земат децата – вели Мујдановиќ.

Како што додава новинарката, децата вчера биле сместени во хотел, а постои сомневање дека ниедно од децата не е од округот Брчко.

Девојчињата се одведени на гинеколошки преглед

Новинарката на Телевизијата на Босна и Херцеговина, Ивана Трбиќ, утринава ги изнесе најновите информации за случајот во Брчко, а неофицијално се дознава дека некои девојчиња биле испратени на гинеколошки преглед.

– Она што успеавме да го дознаеме е дека децата се згрижени и лекарски прегледани. Неофицијално, девојчињата од оваа група се упатени на гинеколошки преглед – истакнува Трбиќ.

Таа додаде дека сѐ уште е рано за конечни заклучоци, но дека се сомничат кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца, запоставување и злоупотреба на деца.

– Обвинителството сè уште проверува дали настанот ги претставува овие кривични дела. Најважно во моментов е децата да бидат добро, безбедни и згрижени, а дополнителни информации ќе се дознаат подоцна – појаснува новинарката.

Според последните информации, кај децата биле пронајдени пасоши од Република Хрватска, а ги чувала одредена жена, најверојатно италијанска државјанка. Каков бил планот на криминалната група за децата засега е предмет на истрага.

- Advertisement -
Ad image

– Некои документи се истечени, што уште повеќе ја отежнува проверката на идентитетот на децата – заклучи новинарката.

Полицијата откри 31 дете кои можеби биле жртви на трговија со луѓе. Децата, кои биле пронајдени во куќата, се на возраст до 12 години, а најмалото меѓу нив е бебе од неколку месеци. Центарот за социјална работа, во соработка со Црвениот крст и со Обвинителството во Брчко, се грижат за децата.

Што знаат мештаните?

Мештаните не биле особено желни да зборуваат за овој случај, а оние кои се согласиле да разговараат со новинарката на Телеграф, под услов да останат анонимни, велат дека воопшто не знаеле дека во куќата живеат толку голем број деца. За жената, која е приведена, се знаело дека ја гледаат низ населбата, но навеле дека не ги виделе децата, иако жената, која живеела во куќата, велела дека „ја води градинката“.

- Advertisement -
Ad image

– Се зборува дека таа рекла дека куќата е градинка, дека незаконски ги чувала децата, наводно таму биле подолго време. Којзнае… Пред 2 години ја видовме со 3 деца, 2 момчиња, исти беа, како да се близнаци, и со едно девојче. Отидоа во продавница, таа ги одведе на фризер… Децата не кажаа ни збор, како да беа неми – сведочат мештаните.

Тие посочуваат дека од медиумите слушнале дека меѓу приведените има и судски полицаец. Мештаните велат дека синот на жената, која е сопственичка на куќата, е судски полицаец, но дека никогаш не изгледале како семејство што би се занимавало со некој незаконски бизнис, особено бидејќи тој работел во државна служба.

– Тој е повлечен, делува некако збунето… Ни таа не изгледа како жена што би направила криминално дело. Не знаеме што се случило таму. Полицијата сега е тука, чува сѐ… Ништо не знаеме – додава загрижениот мештанин.

Луѓето кои живеат таму посочуваат дека се надеваат дека куќата навистина послужила како „дива градинка“ бидејќи секое друго сценарио би им ја замрзнало крвта.

– Не е добро дури и да водела нелегална градинка, знаете зошто градинките треба да имаат дозволи… Но, тоа ни е полесно да го „проголтаме“ одошто ако испадне дека децата биле шверцувани, не дај, Боже, продадени… Се надеваме дека ќе биде првото или дека е само некаква забуна. Ќе биде страшно ако тоа беше нешто што се случувало пред нашиот нос, а ние сме немале поим – велат мештаните.

Share This Article