Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт и неговиот брат Тристан ја напуштија Романија рано утринава со приватен лет за САД, објави Њуз Еј-Зи.
Претходно, романските обвинители го одобрија барањето на Ендру Тејт – кој е отворен поддржувач на претседателот на САД, Доналд Трамп – да патува во странство во очекување на кривичната истрага против него.
Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан, кои имаат двојно државјанство, американско и британско, беа уапсени во Романија во 2022 година и обвинети за трговија со луѓе, сексуално вознемирување, перење пари и за формирање организирана криминална група. Двајцата браќа негираат дека сториле нешто лошо.
Иако им беше забрането да ја напуштат Романија, извори цитирани од локалните медиуми, рекоа дека обвинителите претходно овој месец го одобриле нивното барање да патуваат во САД.
Минатата недела медиумите објавија дека американските власти го покренале случајот со браќата Тејт, двајцата поранешни кикбоксери, за време на телефонски разговор со романската влада, притискајќи за укинување на ограничувањата против нив, објави Фајненшал тајмс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
