„Еј, Илон, нека разговараат министрите малку. Има ли некој незадоволен од Илон? Ако има, ќе го исфрлиме одовде“.
Вака изјави американскиот претседател Доналд Трамп на првиот состанок на неговата администрација одговарајќи на смеата која се слушна во позадината. Трамп го изјави ова пред службениците во момент кога шефот на Одделот за владина ефикасност Илон Маск требаше да одговори на новинарско прашање.
Маск на состанокот претстави плановите за намалување на федералниот дефицит.