Background

Коалицијата Вреди бара итно разрешување на главниот обвинител

Коалицијата Вреди најави иницијатива за разрешување на главниот обвинител Љубчо Коцевски, обвинувајќи го за злоупотреба на службената должност, лошо раководење и загрозување на доверливоста на истрагите. Според коалицијата, неговото постапување довело до сериозен пад на довербата во правосудниот систем.

„Коцевски не само што не ја одржуваше доверливоста на постапките, туку и со своите одлуки директно им помогна на криминалците да ја избегнат заслужената казна. Тој го наруши угледот на институцијата, а со тоа и правната сигурност во земјата“, се наведува во соопштението на коалицијата.

Од Вреди потсетуваат дека за време на мандатот на Коцевски, јавноста беше сведок на неколку случаи во кои информации од Обвинителството протекоа во јавноста, што, според нив, никогаш не смеело да се случи.

- Advertisement -
Ad image

„Ова не се изолирани случаи, туку сериозна практика која дополнително ја намали довербата во судскиот систем. Коцевски и Ислам Абази беа одговорни за ослободување на обвинетите за настаните од 27 април, а тоа беше само една од низата одлуки што отворија сомнеж за селективна правда“, додаваат од коалицијата.

Во нивното соопштение се истакнува дека иницијативата за разрешување на Коцевски се темели на три клучни фактори:

– Барањата на меѓународните партнери за зголемена транспарентност и законитост;

– Кризата на доверба во правосудниот систем, која, како што тврдат, достигнала алармантно ниво;

– Повторените законски прекршувања што дополнително го компромитираат обвинителството.

„Републичкиот обвинител го загуби својот легитимитет и кредибилитет – мора веднаш да си замине! Ќе ја поднесеме иницијативата до Обвинителскиот совет и Собранието, бидејќи владеењето на правото е клучен столб на демократијата“, порачуваат од Вреди.

Од коалицијата истакнуваат дека остануваат посветени на темелни реформи во судството и се залагаат за транспарентен процес при изборот на нов главен обвинител, заснован на јасни професионални критериуми.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation